Ноември е месецот кога се потсетуваме дека редовните прегледи и превенцијата се најважни чекори за долгорочно здравје. Златен Даб, и оваа година, се придружува на Movember, глобалното движење посветено на машкото здравје.

Во текот на месецот ќе се организираат активности кои го спојуваат здравјето со забавата, а ќе се делат и ваучери за преглед, совети, инспиративни приказни и искуства на мажи кои се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.

Пополни ја формата подолу и обезбеди свој бесплатен преглед. Провери се, твоето здравје е твоја одговорност, а грижењето за себе е вистински доказ на сила и зрелост.

пополни го формуларот и ОСВОЈ ВАУЧЕР ЗА БЕСПЛАТЕН УРОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

Корисни информации
за твоето здравје

Машкото здравје не е честа тема во нашето секојдневие и информираноста за специфично машки болести, причините за нивно појавување, ризиците и начините на лекување, е многу мала. Мажите „забораваат“ да одат на редовни прегледи кога се чувствуваат добро и се јавуваат на лекар дури тогаш кога имаат некаков здравствен проблем. Ноември е месец кога акцентот е ставен токму на машката добросостојба.

Затоа, Златен Даб и акцијата Мовембeр те потсетуваат - не одложувај повеќе, информирај се и закажи редовен преглед. И, секако, донирај за здравјето на сите мажи!

Што е канцер на тестиси?

Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување.

Превенција

Најважен фактор во борбата против овој вид канцер е навременото откривање, кое подразбира редовни уролошки прегледи, но и самопрегледување.

Што е канцер на тестиси?

Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување.

Превенција

Најважен фактор во борбата против овој вид канцер е навременото откривање, кое подразбира редовни уролошки прегледи, но и самопрегледување.

Како функционира самопрегледувањето?

Што е канцер на тестиси? Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување. Најраните симптоми се видливи и можат лесно да се препознаат со опипување. Наједноставно е за време на туширање со допир да ги прегледате тестисите. Доколку забележите промени во формата, постоење безболни тврди отоци или грутки на тестисите, веднаш јавете се на преглед кај вашиот матичен уролог.

Симптоми

Некои од симптомите што можат да укажуваат на карцином на тестиси се менување на големината на тестисите, зголемување или намалување, непријатни болки во препоните, во градите, во долниот дел на стомакот или во едниот тестис.

Што е канцер на простата?

Канцер на простата е асимптоматско заболување што се јавува кај мажите, кое може да биде детектирано со рутински преглед или кога веќе е во поодминат стадиум и се проширило на околните ткива, па предизвикува одредени симптоми.

Превенција

Ракот на простатата е излечив доколку се открие во рана фаза со редовни прегледи предвидени за машката популација.

Што е канцер на простата?

Канцер на простата е асимптоматско заболување што се јавува кај мажите, кое може да биде детектирано со рутински преглед или кога веќе е во поодминат стадиум и се проширило на околните ткива, па предизвикува одредени симптоми.

Превенција

Ракот на простатата е излечив доколку се открие во рана фаза со редовни прегледи предвидени за машката популација.

Симптоми

Што е канцер на тестиси? Канцер на тестиси е заболување што се јавува кај мажите, кое со рано откривање и соодветна терапија има огромни шанси за излекување. Најраните симптоми се видливи и можат лесно да се препознаат со опипување. Наједноставно е за време на туширање со допир да ги прегледате тестисите. Доколку забележите промени во формата, постоење безболни тврди отоци или грутки на тестисите, веднаш јавете се на преглед кај вашиот матичен уролог. Некои од симптомите што можат да упатуваат на овој вид заболување и треба да се аларм за посетување лекар се појава на почесто мокрење (особено навечер), тешкотии при започнување на мокрењето, неможност за мокрење, болка или чувство на печење при мокрење, крв во урината, болка во долниот дел на грбот, болки во коските, болна ејакулација.