ЗЛАТЕН ДАБ
Висококвалитетно лагер пиво со златножолта боја, со пријатна горчина и чист вкус, произведено од 11% пивска сладовина со содржина од 4,5% волуменски алкохол. Златен Даб е пиво произведено со современа технологија и врвни опреми: опрема за филтрација и стабилизација на пиво позната како бескиселгурна филтрација, опрема за обработка на вода, матурација и стабилизација на пивото и др.
Стандардно висок квалитет
Стандардизирање на квалитетот на Златен Даб се постигнува преку производство на пивото со софистицирана модерна технологија, нова врвна опрема и висок квалитет на суровини.
Состав и рецептура
Основни суровини на Златен Даб се вода, слад, хмељ и пивски квасец. Балансот на состојките, врвната вештина и знаење на пивските мајстори го креираат уникатниот вкус на Златен Даб.
Вкусот на Златен Даб
Свеж и газиран вкус на почеток што преминува во софистицирано горчлив, а на крај добива елегантно сува завршница.
Основни карактеристики на Златен Даб
Златен Даб се карактеризира со јасножолта боја. Пената е кремаста и густа, а мирисот свеж и пријатен што нуди вистинско пивско уживање.